ВНИМАВАЈТЕ: Фрчат казни за несовесните пешаци

 

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди, од кои осум се со последица материјална штета и осум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, пет сопатници и тројца пешаци.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 10 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците во зона на крстосница. Четиринаесет возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и 21 пешак поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 35 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска има најава за два вонредни настани. Првиот вонреден настан е со почеток во 12 часот. Во организација на неформалната организација Студентски пленум ќе се одржи марш во врска со најавените реформи во Законот за високо образование кој ќе се одвива по сообраќајниците во централното градско подрачје. Со цел нормално одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе се преземаат мерки за сообраќајно обезбедување, физичка регулација на сообраќајот, а по потреба и пренасочување на истиот.

Вториот вонреден настан е со почеток во 20 часот и 15 минути. Во спортската арена „Борис Трајковски“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра ракометен натпревар помеѓу Металург и Вардар. Со цел нормално одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе се преземаат мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на истиот.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега