Бизнисмени од Анталија заинтересирани за соработка со македонски партнери

 

Триесетина бизнисмени од Анталија, Турција,  од градежната и челичната индустрија, земјоделството, угостителството, преработката на мермер... се заинтересирани за соработка со партнери од Македонија. На бизнис форум во Скопје тие ги претставуваат можностите за соработка пред 15 македонски компании, членки на Стопанската комора на Македонија.

Како што истакна Ѓултекин Генчер, претседателот на Управниот одбор на Унијата на индустријалци и бизнисмени од Десемеалти, општина во Анталија, нивните компании се отворени за секаков вид соработка со партнери од Македонија, како и за заеднички настап на трети пазари, особено на Блискиот Исток, каде македонските компании можат да ги користат турските искуства и контакти.

- На бизнис форумот се присутни сопственици на ланец хотели, производители на мермер, претставници од хемиската индустрија и од сите области на индустијата и енергетиката. Отворени сме за секаква соработка со македонските компании и се надевам дека од форумот ќе биде плоден за стопанствениците од двете страни, рече Генчер.

Тој изрази надеж дека и бизнисмените од Анталија по примерот на останатите нивни колеги од Турција ќе дојдат и ќе инвестираат во Македонија.

- Имаме инвестиции во Русија и многу други странски земји. Целта на Унијата на индустријалци е да ја развиваме соработката со земјите од регионот и взаемно да инвестираме во нашата или нивната земја, посочи Гечер.

Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева посочи дека голем дел од странските инвеститори во Македонија се од Турција, нагласувајќи дека во последните 10 години тие во земјава инвестирале околу 140 милиони евра.

- Тоа кажува дека Турција е расположена за инвестиции во Македонија, а ваквите средби како денешната само го потврдуваат овој факт, рече Георгиева. 

 

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега