Далибор Јовановски: Лавот е дел од историјата и на Македонија

 

Универзитетскиот професот по историја на Балканот-нов век, Далибор Јовановски во интервју за Прес24 ја анализра потребата од донесувањето на новиот државен грб, кој според него го отсликува историскиот карактер на Македонија.

- Кај нас постои едно верување дека само златниот или жолт лав на црвен штит е единствен македонски симбол. Меѓутоа, една внимателна анализа на изворите кои се однесуваат на грбовите покажува дека и  златниот и црвениот лав се појавуваат како македонски симболи, вели во интервјуто за Прес24, професорот на институтот за историја на Филозофскиот факултет, УКИМ во Скопје.

Јовановски вели дека Лавот како симбол нема национален карактер, туку сосема друго значење и од таа причина не може да станува збор ниту за камедонски, ниту за бугарски, ниту пак за албански. Тој е дел од грбовите на најголем број држави во Европа.

- Скандинавските држави – Норвешка, Шведска, Финска и Данска имаат лав или лавови на своите грбови. Колку што може да забележиме тие не дебатираат на тема чиј е лавот. Земјите од Бенелукс – Белгија, Холандија и Луксембург, исто така на своите грбови имаат лав, но и тие  не спорат околу тоа прашање. Лавот како симбол има сосема друго значење кое не е поврзано со нацијата, вели во интервјуто.

Јовановски не олчекува какви било реакции ниту од Атина, ниту пак од Бугарија.

Професорот Јовановски е еден од нјаголемите позанвачи на грчката историја и нејзиниот однос кон Македонија. За желбите на грчките политичари во потрагата во Амфиполис вели ќе биде залудна, бидејќи нема да го добијат тоа што мислат дека ќе го пронајдат.

 - Политиката го создаде проблемот, а ја користеше историјата. Во Атина знаат дека нашата земја не е нивен непријател, ниту пак има територијални претензии, но сепак остануваат длабоко закопани во т.н. црвени линии. Во овој момент не постои грчки политичар кој би се нафатил да даде придонес за да се  реши проблемот меѓу двете земји. Тие се образовани дека Македонија е грчка и тоа влијае врз нивното однесување. Не е само стравот дека во случај на решавање на проблемот би ја загубиле власта, вели историчарот и Универзитетски професор, Далибор Јовановски во интервјуто за Прес24

 

ПРЕС24: Владата излезе со нацрт закон за промена на државниот грби. Идејното репшение е познато на јавноста, колку тоа го отсликува историскиот карактер за да биде државно обележје на Македонија?

ЈОВАНОВСКИ: Постои историска подлога за предложениот државен грб на Република Македонија. Доколку ги погледнеме хералдичките извори може да забележиме дека како грб на Македонија се појавувал и црвениот лав на жолт штит. Тука е доволно  да ги споменеме Павао Ритер Витезовиќ и Христофор Жефарович, кој бил роден во Дојран. Во нивните дела  може да види дека токму црвениот лав на жолт штит е наведен како грб на Македонија. Треба да се знае дека тоа не се однесувало на држава, бидејќи тогаш најголемиот дел од Балканот бил под османлиска власт.

ПРЕС24:Иако за многумина беа за очекување реакциите, сепак главната дилема која сега се наметнува е распоредот на боите. Некако попозната опција за јавноста е онаа златно-жолт лав на црвена основа. Од историски аспект, колку е значен распордот на боите?

ЈОВАНОВСКИ: Во хералдиката постојат правила според кои се изработуваат грбовите. Распоредот на боите е важен, но постојат многу други детали на кои ги прават различни грбовите едни од други. Не треба да има и нема исти грбови. Кај нас постои едно верување дека само златниот или жолт лав на црвен штит е единствен македонски симбол. Меѓутоа, една внимателна анализа на изворите кои се однесуваат на грбовите покажува дека и  златниот и црвениот лав се појавуваат како македонски симболи. 

ПРЕС24: Она што исто така е предмет на дебата во јавнсота е наводната “припадност” на лавот како симбол на Албанија. Некаде прочитав дека лавот бил обележје и на античката фамилија на Филип Втори и тн.. Можеме ли да зборуваме за каква било национална припадност на лавот, ако тој е дел од грбовие на повеќе од над 20 држави во Европа?

ЈОВАНОВСКИ: Самиот споменувате дека лавот е дел од грбовите на многу европски држави. Тогаш како тој може да има „припадност“? Скандинавските држави – Норвешка, Шведска, Финска и Данска имаат лав или лавови на своите грбови. Колку што може да забележиме тие не дебатираат на тема чиј е лавот. Земјите од Бенелукс – Белгија, Холандија и Луксембург, исто така на своите грбови имаат лав, но и тие  не спорат околу тоа прашање. Лавот како симбол има сосема друго значење кое не е поврзано со нацијата.

ПРЕС24: За Вас како историчар, што е поважно, Државата да добие свое национално обележје кое би имало историски контекст, или пак грфичкото решение на тој симбол.

ЈОВАНОВСКИ: И двете работи се важни, не можат да се одвојат.

ПРЕС24:Македонија, веријатно со Босна беа единствените држави од републиките кои во своите грбови ги немаа своите национални историски обележја, што не беше случај со останатоте републики. Како се случило, едни, на пример Србија и Хрватска, и во социјализмот да ги имаа своите историски грбови, иако тие симболи ги користели и четничите и усташките движења, а за Македонија да се црта друг грб?

ЈОВАНОВСКИ: Не беа само Босна и Херцеговина и Македонија. Исто така и Црна Гора и Словенија не ги користеа симболите кои биле во употреба во минатото. Тука би додал дека Хрватска извесен период после завршувањето на Втората светска војна на својот грб ја немаше т.н. шаховница туку само ѕвезда петокрака. Тоа било резултат на настаните во текот на војната и усташките злосторства, но подоцна во грбот на НР Хрватска беше вратена шаховницата, малку поразлична во однос на онаа што била користена во т.н. НДХ. Тоа не беше случајно.  Хрватска, иако, како и Македонија, до 1991 година не беше независна држава, сепак имала подруг развој во однос на нашата земја. Хрватска имала свои институции и автономија  во рамките на Хабзбуршката монархија или подоцна Австро-Унгарија, како и во рамките на југословенското кралство, каде се користеле хрватското знаме и грбот. Србија, која од 1830 година имаше држава, за време на југословенската федерација користеше грб кој не бил во согласност со српската хералдичка традиција. Знаеме дека на грбот на НР или СР Србија имаше и црвен штит со четири огнила, но без белиот крст. Што се донесува до Македонија, нашата земја немаше државна традиција.  Таа е формирана во 1944 година, благодарение на Народноослободителната борба. Тогаш започна и изградбата на државните институции. Немавме традиција и искуство, иако имаше паметни луѓе кои не беа доволно искористени. Тоа мора да го согледаме заради иднината.

ПРЕС24: Можеме ли да очекуваме дека новиот државен грб би можел да предизвика нови реакции од соседите. Пред се Грција и Бугарија?

ЈОВАНОВСКИ:  Колку што забележав деновиве низ грчките медиуми има само кратки информации околу предлог решението за нов грб на Република Македонија без никакви коментари. Во Бугарија со исклучок на написот во весникот Телеграф и изјавата на дежурниот Божидар Димитров, а без него ќе биде досадно, нема никакви коментари, освен кратки информации.

ПРЕС24: Ве прашувам , затоа што историјата како да стана главен аргумент на надворешната политика на Грција и Бугарија кон Македонија?

ЈОВАНОВСКИ: Историјата е само еден  од аргументите кои тие ги користат во однос на Македонија.

ПРЕС24: Ве сте добар познавач на грчката историја, во јавноста во Македонија одредени кругови веќе долго време ја заговараат тезата дека власта ја антиквизира Македонија и на тој начин ја предизвикува Грција?

ЈОВАНОВСКИ: Грција постојано регаира на тоа што се прави кај нас. Македонската јавност многу малку знае за грчките реакции во минатото кои се слични како и денешните. Во времето кога Македонија беше дел од југословенската федерација од  Атина стигнуваа реакции за учебниците по историја и географија кои беа користени во училиштата. Грција реагираше и на печатењето на тритомната Историја на македонскиот народ во 1969 година. Грчките влади реагираа до југословенскиот секретаријат за надворешни работи заради изјавите на македонските функционери. Републичката влада во Скопје беше обвинувана дека сака да го монополизира името Македонија и да ја смени историјата . Колку што забележувам и денес ги слушаме истите реакции и обвинувања, само сега се адресирани директно до владата во Скопје. Во Грција пред неколку години беше објавена една книга која се однесува на нашите наводни територијални претензии од 1944 до 2006. Прочитајте ја и многу работи ќе ви станат јасни .

ПРЕС24: Дали потрагата во Амфиполис е потрага по триумф за политичката битка со Македонија?

ЈОВАНОВСКИ: Ги следам пишувањата во грчките медиуми околу ископувањата во Амфиполис. Некои грчки политичари побрзаа да се сликаат таму и да најават нешто големо со цел да си го зголемат рејтингот. Од дргуга страна грчките археолози се многу внимателни во давањето на изјави. Тие очекуваат големи откритија, но не и тоа што го очекуваат политичарите.

ПРЕС24: Ако се прави некоја анализа за тоа каде лежи проблемот на Грција со уставното име на државата веројатно би бил потребен одговор и на прашањето кој го создаде проблемот? Политиката или историјата?

ЈОВАНОВСКИ: Политиката го создаде проблемот, а ја користеше историјата. Во Атина знаат дека нашата земја не е нивен непријател, ниту пак има територијални претензии, но сепак остануваат длабоко закопани во т.н. црвени линии. Во овој момент не постои грчки политичар кој би се нафатил да даде придонес за да се  реши проблемот меѓу двете земји. Тие се образовани дека Македонија е грчка и тоа влијае врз нивното однесување. Не е само стравот дека во случај на решавање на проблемот би ја загубиле власта.

ПРЕС24: Бугарија е една од привте држави кои ја признаа независноста на Македонија, но веројатно една од последните кои ќе ја прифатат реалноста. Бугарските власти инсистираат на идејата за заедничко чествување на некои историски настани. Што би можело да биде предмет на такво нешто?

ЈОВАНОВСКИ: Колку што знам имаше заедничко чествување за празникот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј. За други чествувања кои се посакувани во Софија мислам дека нема место.  Ако целта на прославата е да се покаже дека сме ист народ тогаш нема смисла за некакво заедничкко чествување

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега