Грците се најнесреќни во Европа

Според анкетата која ј аспроведе грчкиот Центар за статистика, околу 70 проценти од испитаниците сметаа дека животните и работните услови во земјата воопшто не се добри.

Околу 82 проценти тврдат дека се под материјален и духовен притисок.

Одговарајќи на прашања во врска со политичката ситуација во земјата, околу 45 проценти од испитаниците немаат доверба во власта, додека 50 проценти наведуваат дека економската ситуација во земјата следната година ќе биде полоша.

Според истажувањето на Евробарометар, еден од статистичките центри на ЕУ, грчките граѓани се најнесреќен народ од 36 европски земји.

Исланѓаните се најсреќен народ, додека второто место го делат Данците и Норвежаните, наведуваат од Евробарометар.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега