Грчките пратеници не избраа претседател во првиот круг

Вкупно  160 пратеници вечерва гласаа за кандидатот на грчката владејачка коалиција Ставрос Димас, што не беше доволно тој да биде избран за претседател на Грција во првиот круг гласање, јави дописникот на МИА од Атина.

Против Димас не гласаше ниту еден пратеник, додека 135 се изјаснија само како „присутни“, а петмина не присуствуваа на гласањето.

За да победи во првиот круг, на претседателскиот кандидат му беше потребно двотретинско мнозинство, што значи поддршка од 200 пратеници во Парламентот, кој брои 300 членови.

Вториот круг ќе се одржи по пет дена, на 23 декември, на кој исто така се потребни 200 гласови. Третиот и последен круг од гласањето ќе се одржи на 29 декември, но овој пат потребното мнозинство гласови ќе се намали на 180 пратеници, што е и целта на грчката Влада.

Ако претседателските избори не успеат, Парламентот ќе биде распуштен во рок од десет дена, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат најрано на 25 јануари и 1 февруари. Досегашните анкети покажуваат дека на евентуалните предвремени избори ќе победи главната опозициска партија Сириза.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега