За смртта на ќерката на пратеничката осомничени се 5 лица – кој и ја дал смртоносната инјекција?

Во рамките на истрагата  за смртта на Ивана  Бодражиќ, која беше пронајдена мртва во хотел во Белград ќе бидат приведени пет лица. Наводно починала од анестетикот пропофол, кој, велат експертите, не можела да си го вбризга сама.

 Судијата на тоа се одлучил откако  за време на истрагата се појавиле неколку детали кои би можеле да укажат на тоа дека не се работи за предозирање или самоубиство, туку за убиство, пишуваат српските весници.

„По налогот на судијата кој го истажува овој случај пет лица ќе бидат приведени  на разговор. За сега не е познато за кои личности се работи, но тие ќе мораат да дадат изјава за тоа дали знаат нешто во врска со смртта на девојката. За овој случај се води детална истрага, за да се решат сите сомнежи и евентуални шпекулации кои се јавија во јавноста во врска со смрта на оваа девојка“, вели извор.

Медиумите пред неколку дена објавија дека  Ивана се предозирала со анестетикот пропофол, а српскиот весник  „Ало“ денес пишува дека таа сепак не можела  себеси да си вбризга дупла доза од анестетикот со што се согласуваат и многу анестезиолози и фармацефти.

Како што пишува весникот, споменатиот анестетик се користи за воведување и одржување на анестезијата и доволни се два милиграми за човек да западне во наркоза и тоа за помалку од 5 секунди.

„Скоро е невозможно девојката да стигнала  самата да си ја вбризга смртоносната доза, а пред тоа да не западне во длабок сон и да го испушти шприцот. Доколку причина за смртта е „пропофол“  силни се индициите  дека некој друг и го вбризгал  лекот. Овој лек е анестетик, а не седатив  поради што  е многу сомнително дека го користел некој  кој бил уживател на наркотици“, велат изворите.

Ивана Бодражиќ е пронајдена мртва во четвртокот во хотелот Хајат во Белград  во соба која ја изнајмила Пинк Интернешнл.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега