Албанската полиција ја разби групата на ограбувачи на златарници

 

Во рамките на акцијата „Дедомразовци“ спроведан во неколку градови, албанската полиција упаси три лица, членови на групата која во изминатите две години ограбила повеќе златарници во Албанија и во Македонија, јави дописникот на МИА.

Според полицијата уаспените лицата од Драч, Круја и околината на Фуш Круја, биле дел од група ја сочинувале осум членови, чиј предводник е уапсен во јануари во Тирана и се наоѓа во притвор.

Полицијата трага по уште тројца припадници на групата, додека осмиот член бил убиен при вооружениот грабеж на две златарници во Дебар на 29 јули годинава. Неговото тело македонската полиција го пронајде во џип со кој од местото на настанот избегаа разбојниците и го напуштиле на македонско-албанската граница во близина на Дебар.

Според заменик-директорот на албанската полиција, Алтин Ќато од истрагата е потврдено дека освен повеќе златарници во Албанија и двете во Дебар, истата група ограбила златарница во Струга.

Во полициската акцијата се запленети оружје, златен накит, скапи рачни часовници, мобилни телефни, маски, униформи...

Вооружениот грабеж во Дебар се случи на 29 јули околу 13 часот. Разбојниците однесоа околу 20 килограми златен накит од две златарници, кои се наоѓаат на главната улица во градот. Сопствениот на едната златарница беше тешко ранет, а со полесни повреди се здоби случаен минувач.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега