Премиерот Груевски се сретна со Македонката која го освои Монт Еверест
Денеска претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски се сретна со македонската алпинистка Илина Арсова која го освои Монт Еверест.
На средбата премиерот Груевски упати честитки до македонската алпиниста за трудот и напорите и за големиот успех со кој ја претстави Македонија.
Исто така, македонскиот претседател на Владата посочи дека подвигот наАрсова, која воедно е и првата жена од Македонија која го искачи овој планински врв, претставува достигнување и успех за секоја жена и дека симболизира истрајност, нескршливост на духот и дека е потврда за огромната желба да се достигне успех кој ќе остане трајно врежан.