Нова халуциногенa дрога се појави во Македонија

Нова дрога се појави во Македонија. Бел прашок со горчлив вкус на метал се основните карактеристики.

Полицијата дрогата ја пронашла кај 23-годишно лице од Битола против кого е поднесена кривична пријава. Се работи за Т.М. кај кој биле пронајдени 25 зелени таблети екстази со втиснато лого „ДНА“ сокриени од задната страна помеѓу коланот и пантолоните.

Овие таблети содржат МДМА психоактивна супстанца односно стимуланс на централниот нервен систем што е класифициран на листата на забранети опојни дроги и психотропни супстанци.

-Дополнително, во предниот џеб од пантолоните пронајдена е зипер кесичка со 30 коцки (25C-NBOMe) синтетичка психоактивна супстанца со халуциногено дејство која не се наоѓа на листата на контролирани психотропни супстанци и опојни дроги. Истата во 2010 година се појавила на сајтовите каде се предлагаат хемиски супстанци и синтетички дроги. Дрогата претставува дериват на psychedelic phenethylamine 2C-C, бел прашок со горчлив вкус на метал. Според силата, 25C-NBOMe е послаб од LCD, соопштуваат од полицијата.

 

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега