Нова трагедија: Комбе излета од автопат - загина жена и четири деца повредени

Утрово околу 7 и 30 часот на автопатот Белград-Ниш, кај мeстото Колaри, во тешка сообраќајна несреќа загинала Бесиме Ш. од Гњилане, пишуваат српските медиуми.

Жртвата најверојатно била на совозачкото место во комбето „рено еспејс“ со швајцарски таблички, кој го управувал нејзиниот маж, Елхами Ш. (40).  Во возилото биле и петте нивни деца, три ќерки од 9, 12 и 18 години и два сина, постариот кој имал 20 години и помал кој имал 8 години.

Комбето најпрво излетало од патот, а потоа се превртело, несреќната жена починала на лице место, а останатите членови од семејството се пренесени во Ургентниот центар во смедеревската болница.

За среќа, децата се полесно повредени и се надвор од животна опасност. Полицијата се сомнева дека причина за несреќата е неприлагодена брзина, како и можен преголем замор на возачот.

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега