Исповед од детското ужасно минато: Постојано ме силуваа!

34-годишниот Марио К е професионален возач на камион од Загреб, оженет и татко на две деца кој половина од животот го помина како штитеник на децата од Домовите како и на казнено -поправните установи за малолетници. Тој одличи пред божиќните празници да ја изнесе својата мрачна животна приказна која досега ја криел дури и од своето семејство.

Потресен од вестите дека и денес во домовите за рехабилитација живеат како во најопасните затвори, смета дека мора да проговори од грозната вистина дека тие деца се напуштени од родителите и од друштво... тие силуваат, тепаат, ограбуваат, дилаат дрога...

- Неодамна запознав 17-годишно момче чија биографија ме увери дека денешната ситуација на децата во домовите е подобрена отколку кога јас бев штитеник. Дознав како стојат работите, за жал ништо не се променило од психолошко и физичко и сексуално злоставување, дрога, оружје се како составен дел од тамошниот живот. Во медиумите очигледно се успева да се прикаже само разубавената фасада. Искрено бев скептичен према момчето, но кога почна да ми ги споменува добро познатите омразени воспиувачи, чувари и професори сфатив дека е потполно исто како и пред 25 години, Марио К ја почнува својата исповест.

- За моја среќа од секоја ситуација излегов посилен бидејќи и мене ме силуваа, ме вреѓаа, ме тепаа, што сето тоа сам го потиснав во мене. Ова момче е целосно уништено, а до полнолетство има уште многу да преживува во Домот, па ми се довери дека купува време така што сценира инциденти, да речеме, крпи прозори на што автоматски повикуваат Итна помош и те носат на психијатар. Како и јас едвај чека да остане сам, без никој и со ништо, но да почне нов живот, слободен од психичките малтретирања и сите други ужасни домски навики. Прво што ветив на самиот себе беше дека повеќе нема тоа да го правам, а најголем сон ми беше да имам свое семејство, да најдам жена да се средам и да живеам нормално, продолжува Марио, тој сега живее во нормалне брак веќе 11 години, но се уште има ноќни мори од минатотот.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега