На Свети Никола ограбен познат пејач - крадците направиле вистински хаос на имотот

Пејачот Ера Ојданиќ на славата Св. Никола му ја ограбиле куќата во селото Лексковац, каде живее болната ќерка јасмина со детето и во таа прилика однеле работи во вредност од 15.000 евра.

Како што дознава српски Курир, крадците упаднале на имотот на пејачот околу 17и 20 часот додека никој немало и направиле општ хаос во сите простории. Кога соседите слушнале и приметиле дека нешто се случува, веднаш му се јавиле на Ера и му објасниле што се случува, по јратко време тој се јавил во полиција, која рано утринава извршила увид на местото.

- Инспекторите дојдоа вчера и ветија дека ќе дадат се од себе да ги најдат сторителите и да ги казнат со сосдветни казни. Разбојниците провалиле во двете куќи на имотот и однеле многу вредни работи кој јас лично сум поврзан со нив, хармоника од 140 басови која ми ја поклони покојната сопруга Љупка и чија вредност е 10.000 евра, и многу други работи кои заедно чинат околу 5.000 евра. Внатре се е растурено, фиоките се отворени на подот нема што нема, вратата е обиена, глетката е ужасна. Среќа во несреќа е што м,ојата болна ќерка не била во куќата туку на слава кај сестра и Милена, инаку би се сучиле многу работи. Душичка, би се исплашила и би доживеала голем шок. Од сега морам да водам сметка одколу имотот за повторно да не дојде до ваква ситуација, вели пејачот.

 

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега