Шешељ: Николиќ од Суботиќ доби милион евра

Станко Суботиќ кој беше обвинет за шверц на цигари, му дал на Томислав Николиќ, претседателот на Србија милион евра!

Суботиќ на Николиќ му „донирал“ милионче во 2007 година, тврди Воислав Шешељ, лидерот на радикалите, кој и му е најблизок соработник на Николиќ.

Шешељ наведува дека не само Суботиќ што го финансирал денешниот шеф на државата, туку парите ги добил и од други моќници и тајкуни!

Помрачена свест

Приказната на Николиќ за тоа дека пред патот во Хаг му порачав да не ме слуша што ќе говорам таму  затоа што ќе ми биде помрачена свеста е неточна. На Николќ му е помрачена свеста од власт и големите пари. Парите ги добил од Станко Суботиќ. Некаде околу 2006 година, Николиќ ме информираше за сите донации кои го добила СРС. Тогаш важеше друг закон – некои донации иделе преку сметки, некои преку готовинско плаќање – вели Шешељ и додава:

„Ме извести за донациите усмено, но во странство се водело интерно книговодство. Николиќ тоа го укина во 2007 година, и повеќе никој не можеше да го фати ни за глава ни за опашка. Потоа дознав дека Станко Суботиќ истата година на Томислав му дал милион евра!

Лидерот на радикалите тврди дека некогашниот шеф на демократите Борис Тадиќ денеска претседател на СДС, го натерал Мирослав Мишковиќ да на Томислав Николиќ му дотури голема сума пари.

Беше чесен

-  

Погледнете колкаво богатство има? Имаат и неговите синови, а неговата сопруга на себе дневно носи гардероба и накит кој вредат повеќе од годишната плата на претседателот на републиката – вели Шешељ и додава:

„Николиќ беше чесен човек, живееше скромно, а потоа заболе од најтешката можна болест. Таа е многу поопасна од рак, и се вика алчност. За тоа лек нема, никаква медицина не може да помогне.

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега