Џејкобсон: Не се мешав во коалицискиот договор за косовската Влада

 

 

Амбасадорката на САД во Приштина, Трејси Ен Џејкобсон изјави дека не се мешала во коалицискиот договор постигнат меѓу Демократскиот сојуз на Косово  и Демократската партија на Косово.

Џејкобсон во интервју за приштинскиот весник „Зери“ истакна дека била само набљудувач, негирајќи дека била против Самоопределување да биде дел од косовската Влада.

 

- Никогаш не кажав дека Самоопределување не треба да биде дело од Владата на Косово. Луѓето повремено ми препишуваат такви работи, но тоа апсолутно не е вистина, посочи Џејкобсон.

 

Таа наведе и дека јавниот сектор во Косово е најкорумпиран  и оти треба да се делегираат кредибилни луѓе.

Американската амбасадорка за истакна и дека во 2014 година верскиот екстремизам во земјата бил во центарот на вниманието и оти ќе има примат и идната година.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега