Наместо да им помогне, им украл 1200 евра и злато

На 20.12.2014 година околу 17:30 часот, на автобуската станица во Куманово, седум сириски државјани кои се симнале од автобус биле придружени од непознато лице кое им се понудило да им го покаже патот за Р.Србија или за село Лојане.

Потоа откако тргнале со него им се приклучиле уште две непознати лица кои со закана со пиштол и нож извршиле разбојништво над нив, одземајќи им околу 1.200 евра, четири прстени, четири мобилни телефони и три часовници.

Сириските државјани се сместени во Прифатниот центар во Скопје, а се преземаат мерки за откривање на сторителите.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега