Претседателските избори во Хрватска ќе бидат следени од 794 набљудувачи

 

Вкупно 794 набљудувачи од пет невладини организации ќе ги следат претседателските избори во Хрватска на 28 декември, соопшти денеска Државната изборна комисија, а набљудувачкиот процес ќе биде следен и од набљудувачи на политичките партии, кои номинираа свои кандидати.

Четворицата кандидати за претседател на Хрватска вчера учествуваат во телевизиската дебата, нагласувајќи дека економијата е главниот проблем на земјата, при што понудија различни решенија.

Кандидатот на Хрватскиот демократски сојуз (ХДЗ) Колинда Грабар Китаровиќ нагласи дека Бруто домашниот производ на земјата е во пад веќе 12 тримесечија по ред, а околу 1.6 милиони граѓани живеат на работ на сиромаштијата.

Сегашниот претседател Иво Јосиповиќ од Социјалдемократската партија, кој се бори за втор мандат, посочи дека тешката економска ситуација, невработеноста и недостигот на перспективи за младите луѓе се најголемите проблеми. 

Во изборите за претседател учествуваат и Милан Кујунџиќ од Алијансата за Хрватска и Иван Вилибор Синчиќ од невладината организацијата Жив ѕид.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега