Откриено како починала Ивана?

Обдукцијата утврдила дека 31-годишната Ивана Бодрожиќ во крвта имала голема количина кокаин што била и причината за смртта. Наодите покажуваат дека во телото имала голема доза од анестетикот „пропофол“, поради што довело до забавено дишење, гушење и застој на работата на срцето, неофицијално дознава српски Блиц.

Се уште е непознато како таа го набавила кокаинот, а тој факт веројатно ќе остане мистерија.

Откако зела кокаин, таа не можела да заспие, па искористила две ампули пропофол.

-Како што покажа обдукцијата, комбинацијата од кокаин и пропофол била кобна за неа. Тоа и го забавило дишењето и работата на срцето, па потоа дошло до гушење и престанување на работата на срцето, вели изворот за српски Блиц.

Што се однесува до модриците кои ги имала по телото, се верува дека тие не настанале како резултат на насилство, туку посмртно како последица на злоупотребата на дрога.

Истрагата продолжува.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега