Бизнис секторот бара задолжницата да не биде задолжителна
Бизнис секторот бара задолжницата да не биде задолжителна туку и натаму да се применува на доброволна основа како и досега. Ваквото барање, според извори на Економски.мк на адреса на Владата стигнало од сите комори во земјава.
Задолжителната задолжница требаше да важи од 01 јануари за сите трансакции над 300.000 денари. На барање на бизнис секторот, примената беше одложена за три месеци, односно требаше да важи од 01.04 2015.
Сега, според извори на Економски коморите бараат задолжницата да не стане задолжителна туку субјектите да можат да ја применуваат само доброволно.
Целта на задолжницата е да се воведат нови правила во бизнисот за да не растат долговите на фирмите. Таа е инструмент за обезбедување на побарувањата. Барањето за задолжителна задолжница стигна од бизнис секторот и има за цел да овозможи нивно непрекинато работење.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа