Од денеска нова цена на горивата во Македонија

 

Новогодишна честитка очекуваат возачите во Македонија од Регулаторната комисија за енергетика која денеска треба да ги објави новите цени на горивата кои ќе бидат актуелни првите две недели во Новата 2015 година. Како што јави Вечер намалувањето по литар бензин ќе биде за нешто повеќе од два денари, што ќе овозможи вкупното намалување на цената на бензините за годинава да достигне повеќе од 25%.  Последните две недели на бензинските пумпи се точат горива по малопродажна цена која на еуросуперот од 95 октани изнесува 65,50 денари за литар, а на „еуросуперот" од 98 изнесува 67 денари. Еуродизелот достигна 56 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чини 44,50 денари за литар.

Регулаторите цените ги утврдуваат по специјална формула која зависи од просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период, но и на курсот на доларот во однос на денарот.  Минатата година на крајот на декември на македонските бензински пумпи еуросуперот-95 чинеше 77 денари и беше поскап за 12 денари, еуросуперот-98 се продаваше по цена од 78,5 денари односно за 11,5 денари повеќе.Најголемо намалување има кај еуродизелот од 13 денари, бидејќи тогаш литар се купуваше за 69 денари.  Во моментот пазарните импликации од падот на цената на нафтата на светските берзи се позитивни кај најголем број од граѓаните, бидејќи реално треба да се очекува и намалување на транспортните трошоци, трошоците во индустријата, производството на енергија и се што е поврзано со трошење на горивата.

Но, како што предупредуваат експертите тоа се првичните согледувања, реално намалувањето на светските цени на овој енергенс ја носат темната страна која пак негативно ќе се одрази врз економиите на многу земји во светот.  Во моментов цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните четири години и е многу извесно дека и понатаму ќе продолжат да паѓаат. Барелот е под 59 долари и почна да се приближува до најниската цена на нафтата која во мај 2009 година, изнесуваше 53,60 долари за барел. Експертите потсетуваат дека историскиот минимум на црното злато продолжи и следните месеци кога во јули 2009 година достигна меѓу 58,20 на 56,25 долари за барел.  Актуелните намалувања стартуваа годинава од крајот на летово и оттогаш суровата нафта е во континуиран пад, па затоа цените на бензините како нејзин производ исто така се намалуваат. Земјите од арапскиот свет каде има и најголемо светско производство на нафта укажуваат дека цената на црната течност ќе паѓа и следната година, при што најпесимистичките предвидувања се дека ќе падне и под 40 долари за барел.  Но, македонските граѓани предупредуваат дека иако цената на бензините драстично е намалена, сеуште нема намалување на цените на транспортните услуги. 

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега