Кутија цигари 720 денари: Пушиме најевтини цигари во Европа
Најскапи цигари во Европа пушат Норвежаните каде кутија просечно чини 11,84 €, додека се најевтини во Македонија каде што пресечно тие чинат помалку од едно евро за кутија, а потоа во Белорусија и Србија, со просечна цена од околу евро за кутија цигари.
Најскапи се во ЕУ
Во Велика Британија кутија просечно чини 11,1 €, потоа следи со Ирска со цена од 9,6 Евра, а на третото место е Франција, каде што цените на цигарите повторно се зголеми од 1 јануари и тоа за 30 евроценти и чинат 7, 30 евра за една кутија.
Во Шведска на кутија цигари просечната цена € 6,64,односно 6,32 € во Холандија, Данска 5,91 евра, Белгија 5,79€, 5,47 € во Германија.
Потоа следат Италија и Финска со цена од 5 евра, Шпанија и Малта со 4,8 евра.
Најевтините цигари во ЕУ
Најевтини цигари во ЕУ пушат Литванците со просечната цена за пакување од 2,06 €, проследено со Летонците со цена од 2,49 €, а потоа Бугарите, каде што кутија чини 2,55 €.
Потоа следат Австрија и Чешка со цена од 3,25 €.
Во Хрватска, кутија цигари во просек чини 3,33 € , 3,4 евра во Романија, Естонија 3,5€, 3,51 € во Полска, Словенија и Кипар 3,9 €.
Цените надвор од Европската Унија
Надвор од Европската унија, од најскапите цигари се во Норвешка, со просечна цена по кутија од 11,84 €.
Најевтините цигари во европските земји надвор од ЕУ се во Македонија и Белорусија, каде што просечната кутија цигари се плаќа 92 евроценти и на други места како што е Србија со просечна цена од 1,17 евра.
Потоа следи Украина со цена од 1,43 евра и Албанија каде кутија чини 1,49 €.
Во земјава најскапата кутија цигари чини нешто повеќе од 2 евра, додека кутија цигари може да се купи и за 70 евроценти.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа