За една година во Илинден издадени 220 одобренија за градба

Општина Илинден во текот на 2014 година издала вкупно 220 одобренија за градење. Од нив 20 одобренија се за изградба на стопански објекти, исто толку за градење за општински инфраструктурни објекти како што се улици, патишта и мостови и 180 одобренија за изградба на станбени објекти.

Како што информираат од општината, издадените одобренија за градење во 2014 година се за дваипол пати повеќе од издадените одобренија во 2013 година. Бројот на издадени одобренија за индивидуални станбени куќи во 2014 година е за 4,5 пати поголем во споредба со претходната година.

- Со издавањето одобренија за градење само во 2014 година се овозможи изградба на индивидуални станбени објекти и стопански објекти со намена за лесна и незагадувачка индустрија во локалните економски зони во општината, се вели во соопштението. 

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 12:34
Фото: 
економски

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега