Зајакнати безбедносните мерки пред западните амбасади во Приштина и Тирана

Бројот на полицајците пред француската Амбасада во Приштина е зголемен по терористичките напади во Париз, јавуваат косовските медиуми. 

 Анонимни извори од косовската полиција изјавија дека се преземени дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста пред француската Амбасада и пред другите дипломатски претставништва во Приштина. 

Од косовската полиција ниту ја потврдија, ниту ја демантираа информацијата од анонимни извори. 

- Полицијата на Косово ја оценува ситуацијата и врз основа на тие оценки презема соодветни дејствија, изјави портпаролот на полицијата Даут Хоџа. 

Косовските медиуми јавуваат и дека се зајакнатите мерките за безбедност пред амбасадите на западните земји во Тирана. 

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 20:34

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега