Се чисти мразот од тротоарите на скопските булевари

Екипите на зимската служба на Град Скопје го дорасчистуваат мразот од тротоарите од градските улици и булевари. Во расчистувањето се ангажирани повеќе од 200 лица од скопските јавни претпријатија.

Од Зимската служба на Град Скопје велат дека ја следат состојбата на терен и оти ќе интервенираат според потребите. Воедно, потсетуваат дека Град Скопје е одговорен за чистење на булеварите и поголемите сообраќајници, а преостанатите улици се во надлежност на општините.

 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега