Му вперил пиштол во стомакот - стружанец преживеал хорор

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 45-годишниот Б.С. од Струга осомничен дека извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 9-ти овој месец, информира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот, на жител на селото Мислешево му вперил пиштол во вратот и стомакот и му упатил сериозни закани дека ќе го убие него, а потоа и неговиот син.

- Настанот се случил во 17 часот и 20 минути во дворот на оштетениот жител на струшкото село Мислешево каде пристигнал пријавениот. Тој започнал вербална расправија по што од појасот го извадил пиштолот што нелегално го поседувал и му го вперил најнапред во вратот а потоа и во стомакот. Притоа тој се заканал дека ќе го убие  оштетениот и неговиот син кој претходно во расправија го удрил синот на пријавениот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Како што додаде Димоски, откако оштетениот му кажал на пријавениот дека неговиот син бил на работа, пријавениот си заминал. Тој, со цел да ја расчисти ситуацијата околу 20 часот и 30 минути повторно пристигнал во домот на оштетениот од каде бил приведен. 

- Притоа Б.С. го фрлил пиштолот што било забележано од полициските службеници. Оружјето е одземено и констатирано е дека се работи за пиштол  марка „Перто Берета“ калибар 7,65 милиметри со една рамка, во репетирана состојба и со метак во цевка, појасни Димоски. 

Основниот суд Струга на Б.С.  му одреди мерка притвор во траење до 30 дена. 

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега