Тројца загинати при автобуска несреќа во БиХ

Три лица загинаа, а 13 други се повредени, кога автобус што сообраќал на релација Сараево-Херцег Нови излетал од патот во близина на градот Фоча во југоисточниот дел на Босна и Херцеговина, јави Танјуг.

Портпаролот на Центарот за јавна безбедност од Источно Сараево, Данка Тешиќ, соопшти дека несреќата се случила синоќа околу 23:15, додавајќи дека повредените патници, кои се вон животна опасност, се пренесени во болницата во Фоча.

- Кога ќе заврши увидот ќе знаеме повеќе детали за оваа тешка сообраќајна несреќа, изјави Тешиќ. 

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега