Убиената медицинска сестра не била разведена - нови детали за големата трагедија во Скопје

Голем број роднини и пријатели се собраа во куќата на убиената медицинска сестра Диана Здравковска во Петровец за да и оддадат последен поздрав откако беше убиена од страна на 22-годишниот Никола Кузмановски. Како што пишува Дневник, таа не била разведена, а токму последниот поздрав и испраќање биле од куќата на нејзиниот сопруг.

Како што пишува Дневник, соседите и роднините не сакале да ја коментираат трагедијата. Единствено нешто што го изјавиле е дека таа била вредна жена и мајка на 8-годишно детенце.

- Голема трагедија, не знам што да кажам. Несфатливо е сите сме шокирани, вели еден од соседите, додека друг вели дека не веруваат во тоа што се пишува по медиумите бидејќи таа не била разведена.

И локалниот бербер езачуден од трагедијата. - Не можам да поверувам дека убиецот е соседот Никола и дека биле во врска. Другарите на Никола велат дека се гледале и дека биле блиски, но јас не можам да верувам, вели тој.

Точните детали за убиството не се познати.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега