Повеќе скопски улици без вода

Поради изведување на водоводен приклучок профил ф-100 милиметри на улица Мегленска бб, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Мегленска, Мариовска, Малина Поп Иванова и дел од Милан Мијалковиќ од 10:15 часот па се до санирање на дефектот.

Од ЈП „Водовод и канализација“, информираат дека поради дефект на приклучна цевка профил ф-1цол на улица Дамаска бб, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Дамаска и Прашка од 11:15 часот  па се до санирање на дефектот.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на улица Црвени Брегови бр.7, без водоснабдување ќе останат и 50 куќи од истоимената улица од 11:30 часот  па се до санирање на дефектот.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега