Домашните инвеститори својата шанса да ја бараат во индустриските - зелени зони

 

Регулирани со закон од пред 1,5 години, индустриските-зелени зони се извонредна шанса за домашните инвеститори. Во моментов интересот е мал, но ваквата ситуација може да се промени доколку со најавените измени на правната рамка се донесат конкретни решенија, согласно барањата на компаниите, велат од УСАИД проектот за инвестиции во чиста енергија.

- Неопходно е измените да бидат во насока на точно дефинирање кој може да биде сопственик на зоната, под кои услови може да влезат инвеститорите и дали ќе имаат некакви бенефиции како што нудат дел од земјите во регионот - давање земјиште без пари или под многу мал закуп, неплаќање на комуналиите во првите години, веќе направена инфраструктура,.., рече директорот на УСАИД проектот Самир Латиф на денешната прес-конференција во Стопанската комора.

Следните неколку месеци ќе се прават компаративни анализи со Србија, Словачка и Данска за да се утврдат, нагласи Латиф, праксата и легислативата во овие земји по прашањето за зоните.

- Втората фаза ќе биде фокусирана на компаниите од Комората, дали и колку се тие заинтересирани за ваков вид инвестиции и што им е потребно за да ги реализираат. Мора да се направи математика - под кои услови ќе влезат и што ќе добијат, истакна директорот.

Компаниите кои работат во делот органско производство, енергија од обвноливи извори и производи од рециклирање, се најпогодни за индустриските-зелените зони зашто единствено тие не ја загадуваат средината.

Индустриските-зелени зони се само една од активностите на УСАИД проектот за инвестиции во чиста енергија, а се спроведува во соработка со Министерството за економија.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега