Убиецот на медицинската сестра се бранел со молчење -му се заканува доживотен затвор

Никола Кузмановски првично се бранел со молчење во истрага. Пред јавниот обвинител ниту негирал ниту признал ниту дал своја верзија за убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска. Но адвокатот вели го задржал правото да даде исказ подоцна во постапката, објави Канал 5.

Се уште се утврдуваат фактите и се прибираат доказите.  Извештајот на судска медицина се уште не е стасан во рацете на обвинителството. Дали ќе ги потврди првичните сомневања дека починала од задушување ниту од обвинителството ниту пак одбраната знае што откриле форензичарите. Но едно е сигурно вели Давидовиќ,  Кузмановски не ја фрлил жртвата од 7 кат на детската клиника.

Што му претходело трагичниот настан кои биле мотивите официјално никој не открива. Неофицијалните информации велат дека биле во неколкумесечна љубовна врска.  Многу шпекулации имаше и околу причината поради која се расправале критичната вечер на покривната просторија на Детската клиника

22 годишниот жител на Петровец е во 30 дневен притвор. Обвинителството го гони за убиство на бремена жена квалификаторен облик за што е предвидена казна од 10 години до доживотен затвор.

31 годишната Дијана покрај тоа што била во  рана бременост била мајка и на 8 годишно дете. Живеела во Петровец и не била разведена.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега