Во Бугарија уапсен соработник на браќата Каучи

Пријател на браќата Шериф и Саид Куачи кои го извршија терористички акт во Париз и застрелаа 12 лица во француското списание Шарл Ебдо, 28-годишниот Фриц Жоаким од Париз, е уапсен на бугарско-турската граница, при обид да ја напушти Бугарија.

Тој е во притвор, а  уапсен е неколку дена пред крвавите настани во француската престолнина.

Денес во Окружното обвинителство – Хасково била добиена европската потерница за Жоаким. Во неа се вели дека тој е баран за терористички активности, како и дека е близок до двајцата браќа, кои беа застрелани при акција на француските специјални делови.

Жоаким пристигнал на ГП Капитан Андреево со неговата девојка и уште две лица. При проверката станало јасно дека тој се бара од Интерпол, бидејќи неговата сопруга поднела жалба во Париз дека го киднапирал нивното три годишно дете. Затоа бил уапсен, а судот во Хасково одржа мерка за притвор «притвор”.

Денес во судската комора пристигнала уште една европска потерница во која се наведува дека Жоаким е соучесник во терористичка група и е соработник на браќата Куачи. Се очекува во среда или во четврток окружните судии да одлучуваат дали странецот ќе биде предаден на француските власти.

Денес пред судот тој изјави дека сака да се врати во Франција. На седницата стана јасно дека целта му била да отиде во Сирија. Пред судиите Жоаким изјави дека не е борец.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега