ФОТО: Лекар физички нападнал и пцуел тешко болна пациентка

Наместо да и помогне на 46-годишната пациентка Снежана Тороман која се пожалила на болка во градите и гушење, српски лекар со закани и пцовки физички ја нападнал тешко болната жена.

Снежана е една од 56-те луѓе во Србија која боледува од хередитарен ангиоедем-ретка болест која се манифестира со оток на поткожните ткива и внатрешните органи. Таа во петокот вечерта почувствувала гушење и тешки болки во градите, поради што веднаш се јавила на лекар во интерното одделение на градската болница во Чачак. Дежурниот лекар Слободан Крупниковиќ не сакал да ја прими, а како што тврди пациентката за српскиот портал Ало, само поминал покрај неа велејќи и дека не е итен случај.

- Бев шокирана и му реков на докторот дека треба да се засрами што носи бел мантил. Тој на тоа ми врати пцуејќи ме, а јас му одговорив дека треба да биде казнет за тоа, при што тој се обиде физички да ме нападне. Бев приморана да заминам на ургентното одделение, но дежурниот лекар повторно ме упати кај интернист велејќи ми дека под итно треба да бидам прегледана поради лошата здравствена состојба, изјавила Снежана.

Меѓутоа, тогаш започнала вистинската драма. Д-р Крупниковиќ ја повикал во ординацијата и наместо да и помогне почнал да и се заканува.

- Иронично ми рече дека ми е добро, а кога седнав да ме прегледа ме стисна за рацете и низ заби ми рече: Сега ќе видиш што ќе ти направам. Јас успеав да се оттргнам од неговите раце и излегов од ординацијата и повикав полиција. Кога стигнаа полицијата ме однесоа кој докторот и дури тогаш ја примив потребната терапија, додала жената.

Таа истакнала дека поради болеста која ја има, можела да заврши фатално и дека ова не првпат доктор Крупниковиќ да ја негира нејзината дијагноза и да ја малтретира.

Во полицијата во Чачак е поднесена пријава против лекарот кој не можеле да го добијат на телефон, па полицијата отишла кај него во ординација, каде тој го негирал случајот.

 

Директорот на болницата за полицијата изјавил дека е формирана комисија која треба да утврди дали има основа за прекршочна пријава за д-р Крупниковиќ.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега