Крвава семејна расправија во скопско

Албанскиот државјанин Б.Ш.(34) си заработи кривична поради тешка телесна повреда. Албанецот кој е брат на сопругата на 61-годишниот Ј.Ш. пред три дена околу 07 часот и 30 минути дошол во селото Долно Мојанци, скопско, во нивната куќа по што без повод и причина, со кујнски нож му нанел убодна рана во левата плешка и избегал од местото на настанот.

Повредениот е пренесен во Клинички центар Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди и истиот е задржан за лекување.

По преземени мерки пронајден е Б.Ш. и истиот е приведен.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега