Кочани: Дома чувал бомба, му се налутил на братот па...

42-годишниот кочанчанец Ф.Ј. си заработи кривична за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и „лажно пријавување на кривично дело. На 25.10. пријавениот се јавил во полициската станица во Кочани и пријавил дека неговиот брат Е.Ј. во својот дом каде заедно живеат неовластено чувал четири бомби и два пиштоли, по што од страна на полициски службеници е извршен претрес и е пронајдена хемиска рачна бомба. По извршен разговор е утврдено дека по настаната расправија помеѓу браќата, Е.Ј. му ја одзел бомбата на Ф.Ј. и ја чувал кај него. Инаку, пријавениот кон крајот на август 2014 година, неовластено ја набавил бомбата од лице од Кочани, кој пак ја пронашол во контејнер во Кочани.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега