Кривични пријави за двајца штипјани - еве што направиле

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство-Струмица поднесе кривична пријава против лицата Ж.М. (26) и З.Ч. (29) двајцата од Штип осомничени за „неовластено производство и пуштење во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Двајцата пријавени, соопшти денеска МВР, во меѓусебен договор со намера заеднички да остварат противправна имотна корист, неовластено заради продажба на 8-ми овој месец заминале за Софија, Бугарија и од непознато лице  бугарски државјанин купиле за сума од 360 лева „амфетамин“ со вкупна тежина од 54,45 грама. Наредниот ден при извршен преглед над првопријавениот обавен од страна на полициски службеници до Полициската станица за граничен премин и ГН Ново Село,  психотропна супстанца е пронајдена скриена во гаќите на првопријавениот.      

Првопријавениот изјавил дека во Софија заедно со второпријавениот ја набавиле психотропна супстанца од непознат бугарски државјанин за сума од 360 лева, а со намера истата да ја продадат на лице дилер на овој вид на дрога од подрачјето на градот Штип.   

Инаку, се подвлекува во соопштението, и двајцата минуваат во крим евиденцијата при СВР Штип.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега