Ги продавал за 1.000 денари - тетовчанец принудувал млади девојки на проституција

Секторот за внатрешни работи во Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(65) од Тетово осомничен дека сторил две кривични дела и тоа „посредување во вршење проституција“ и „помагање на странец при незаконит престој“.

На осомничениот судија во претходна постапка на Основиот суд Тетово му определи мерка притвор во траење од осум дена, соопшти денеска МВР.

Пријавениот е осомничен дека со намера да се стекне со заработувачка, во неговиот угостителски објект „АББА“ во Тетово, подолго време на други лица им овозможувал користење сексуални услуги од две албански државјанки на возраст од 27 и 28 години. Како што денеска соопшти МВР, пријавениот исто така се сомничи дека им помогнал на странските државјанки и незаконски да престојуваат на територијата на Република Македонија и нелегално да работат.

Двете албански државјанки на пријавениот, за секој клиент му плаќале по 1.000 денари, од кои 700 за користење на соба и 300 за нарачаниот коктел. Двете албански државјанки во споментиот угостителски објект работеле од средината на ноември минатата година, кога со осомничениот се договориле за сите поединости околу нивниот престој и секојдневното давање сексуални услуги во период од 18 до 01 часот по полноќ.

На 10-ти овој месец, при заедничка контрола на Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, двете албански државјанки затекнати се во угостителскиот објект „АББА“, потоа приведени и задржани се во СВР Тетово. По завршените разговори со нив во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, предадени се во Прифатниот центар во Скопје.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега