Кузмановски се предал откако Алфите го убедиле дека Дијана е жива

Откако поминале два и пол часа, „Алфите“ биле приморани да го излажат 22 годишниот Никола Кузмановски, човекот кој се закануваше дека ќе се фрли од кровот од Клиниката за детски болести во Скопје, дека Дијана девојката која ја убил всушност е жива, пишува Медиа.мк.

Тие го излажале дека Дијана преживеала, откако и направиле успешна реанимација.

Целиот хорор настанал околу 18 часот откако Кузмановски пристигнал на договореното место, со својата сосетка. И двајцата се качиле на попокровните простории, каде што почнале да се расправаат. Во еден момент, Кузмановски збеснал и ја задавил Здравковска. Таа откако се струполила на подот, телото и го одвлечкал на работ покривот, каде било забележано од стрна на еден од пациентите. Веднаш било известено болничкото обезбедување, по што биле известени и полициските „алфи“. Кузмановски се закануваше дека ќе се фрли, и не дозволил никој да се приближи до телото.  

 

Откако го предомислиле веднаш бил приведен, и против него е поднесена кривична пријава за убиство. Истражниот судија му пресуди едномесечен притвор.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега