Европол ја предупреди Грција за можен терористички напад

Грција е меѓу земјите на ЕУ кои Европол ги стави во состојба на готовност поради можни терористички напади со автомобили-бомби од страна на џихадистите, соопшти анонимен претставник на грчката полиција, пренесува МИА.

Државната новинска агенција АНА-МПА информира дека предупредувањето било издадено во саботата и е во сила до 17 јануари.

Тоа вклучува и еден или повеќе од седуммината џихадисти чии имиња и фотографии ги објавил Европол по терористичките напади во Франција. Европската полициска агенција побарала од сите членки на ЕУ да ја известат ако кој било од нив помине низ граничните контроли и да бидат во состојба на готовност доколку го направат тоа.

Според информациите,џихадистите биле обучени во Јемен и имаат врски во Либан, Саудиска Арабија и Русија.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега