Во БиХ била произведена муницијата користена во нападите во Париз

Босанскиот заменик-министер за одбрана Живко Марјанац изјавил дека муницијата употребена од терористите во нападите во Париз била произведена во Босна и Херцеговина.

Сепак тој нагласил дека не може да се каже дека таа во Франција стигнала од БиХ. 

- На една од чаурите имаше ознака „ИК Коњиц 1986“. Тоа е компанијата „Игман Коњиц“. Но „Игман Коњиц“ беше дел од поранешната ЈНА, што значи дека муницијата биле дистрибуирана од Словенија до Македонија, ја цитира неговата изјава весникот „Дневни аваз“.

Тој ја отфрлил можноста терористите да ја добиле муницијата од воените складишта на БиХ.

- Не се знае од каде дошла муницијата, но се знае дека е произведена во БиХ, додал Марјанац. 

Изјавил дека секој можел да ја продаде мунцијата и додаде дека „Игман Коњиц“ се уште извезува оружје за САД. 

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега