ВИДЕО: Делегацијата на Вучиќ нападната од група Албанци

Српските портали објавија видео снимка на која може да се види како група Албанци ги шутираа и удираа автомобилите со кои патуваше српката делегација во Косово, меѓу кои и премиерот Александар Вучиќ.

Премиерот истакна дека е многу задоволен од посетата на Косово и дека бил убаво дочекан, а на Албанците кои се обидуваа да провоцираа им порача да испраќаат пораки за мир, а не за кавги.

-Некои ми упатуваат навредливи зборови, го шутираа автомобилот очигледно мислејќи дека ногата е поцврста од автомобил, се надевам само дека не ги болат нозете, истакнал Вучиќ, додавајќи дека е горд на однесувањето на српскиот народ и на неговата цивилизираност.

Вучиќ исто така им порача на оние кои се обидуваа да го испровоцираат дека ќе им додели книга со која ќе се научат убаво да се однесуваат.

Додека српскиот премиер давал изјави албанските новинари му поставувале провокативни прашања, како на пример кога Србија ќе се извини на Косово и кога ќе ја признаее независноста на Косово, на што Вуќиќ посочил дека не сака да одговара на несериозни прашања.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега