ФОТО: Голема трагедија ја потресе Хрватска- момче и девојка загинале заедно, ги венчале за време на погребот

Семејствата на загинатите 17-годишната Инес Тадиќ и 18-годишниот Денис Џани кои во петокот ги загубија животите во страшна сообраќајна несреќа во Хрватска во текот на вчерашниот ден беа погребани заедно.

-Беа многу заљубени, не се разделуваа еден од друг, но за жал заедно отидоа и во смрт. Одлучивме засекогаш да останат заедно и ги закопавме во ист гроб, изјавиле членовите на семејствата Џани и Тадиќ.

Болни лелеци на родителите, роднините и пријателите на Инес и Денис одекнуваа на градските гробишта во Окучани. Пред да ги спуштат во нивното вечно почивалиште, ковчезите беа прекриени со бели цветови на кои имаше и две златни бурми поврзани меѓу себе. Ги венчаа во гробот, пишува 24 сата.

Родителите на Инес и Денис не можеле ни да проговорат од болка. Пред мртовечницата за време на молитвите мајката на Денис – Анита се онесвестила. Таа гледајќи во гробот речиси без глас едвај успеала да изговори „сине мој“ и „колку се прекрасни заедно“.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега