Искасапен маж оставен во училишен двор

Грозоморно убиство ја потресе денеска српската јавност откако во училишен двор во Ниш било пронајдено безживотно машко тело, на кое имало траги на насилство.

Според податоците на српскиот Курир, се работи за 68-годишниот З.Ц. кој бил целосно искасапен, а бил пронајден од страна на домарот на училиштето и неколку хигиеничари во 10 часот и 30 минути утринава. Тие забележале маж кој лежи на стомак и не дава знаци на живот, па итно повикале полиција и Брза помош. За жал, се што можело да се направи било само да се констатира смрт.

Телото на несреќниот маж ќе биде предадено на обдукција која ќе покаже како настанала смртта.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 14:13
Фото: 
курир.рс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега