Хрват го подари целото богатство: Живееше по хотели со седум ѕвездички , а сега во сламена колиба

Во  денешно време во светот сите се натпреваруваат за моќ и пари. 38-годишниот Никола Бориќ е исклучок: Тој ја напуштил светската кариера и неговот големо богатство, па од луксузниот свет  дошол да живее во мала куќичка на карјот од селото Кокачак и цел среќен поради таквиот живот.Тој има завршено  кинезиолошки факултетет.

Jede jednom dnevno i kaže da njegovo mače jede više od njega (Foto: Vladimir Grgurić, Glas Slavonije)

 

  „После завршувањето на студиите се занимавав со триатлон, бев репрезентативец на Хрватска осум години. После тоа бев тренер, тренирав многу Хрвати, а подоцна заминав и надвор, да работам како тренер и да тренирам спортисти од 20 различни спортови. Со Стјепан Божиќ работев шест години и со него освоив светска титула, а со Ана Сршен две среба во Сиднеј и Атина. Во Хрватска создадов прваци во 30 различни спортови. Потоа почнав да работам за еден американски менаџер и заминав на работа во Мароко, со победникот на 1.500 метри во Дијамантската атлетска лига. Работев и со повеќе од 100 Етиопјани, со Кенијци кои се победници на маратоните во Њујорк и Париз, Дубаи, Лондон. После тоа работев и за турската и азербејџанската атлетска репрезентација“, ја почнува својата богата животна приказна Никола.

Ovako izgleda Nikolin

Но, најинтересно е  тоа што во  периодот кога работеше интензивно со својата струка, тој живееше во хотели со 7 ѕвезди, ги прошета сите континенти и живееше на „висока нога“, во луксуз и стил. Сепак, тоа не беше она кое го посакуваше неговото срце. Тој сакал духовен и животен мир. Поради тоа, сето претходно стекнато и постигнато го остави зад себе, својата неколку милиони вредна компанија во Кина му ја подари на свој пријател за роденден и тргна во потрага по своето мирно место под сонцето. Осум години бараше идеална локација по цел свет, за да ја најде кај Кокочак, близу градот Ораховице, Хрватска.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега