Приведена позната водителка - ги навредувала полицајците па морале да ја носат и во Ургентен центар

Водителката Ана Михајловски е приведена денеска околу 18 часот по инцидентот со екипата на Паркинг сервис во центарот на градот. 

Ана непрописно се паркирала на аголот на улицата Цар Лазар и Ускочка, па се изнервирала кога пајакот се обидел да и го дигне возилото. Водителката е приведена откако се искарала и се обидела да ја спречи екипата на Паркинг сервис да и го земе возилото поради непрописно паркирање.

Кога работниците ги ставиле „канџите“ на сите гуми, водителката се појавила на лице места и побарала да и биде спуштено возилото.

Како го сведочат очевидците, екипата на Паркинг сервис одбила, а таа бесно влегла во возилото закачено на пајак, го запалила и почнала да вози во рикверц. Во тој момент го оштетила возилото па бесно почнала да ги навредува и омаловажува работниците.

„Откачете ми го возилото од оваа крнтија“ викала водителката.

Таа почнала да ги навредува и полицајците, кои биле поккрај пајак службата. 

„Ќе ве приведеме, смирете се“, и рекле полицајците, а таа им се заканила.

„Ајде баш да видам“.

„Водете ме во болница, бремена сум!“

Полицијата ја привела во станица, во стариот град за да земе изјава, но што стигнале, им рекла дека и е лошо и побарала да ја однесат во Ургентен центар затоа што е бремена. 
„Кога сте вака паметни да ме приведете, сега ќе ме однесете во Ургентен центар, затоа што не ми е добро, бремена сум“, изјавила Михаловски.

Потоа полицијата ја однеле кај лекар и чекале пред ординација во која е прегледана. Како што дознаваме, против водителката ќе биде поднесена пријава поради напад на полицијата.

И во Паркинг сервисот кратко го потврдија инцидентот.

„Никој не е над законот и истите правила мора да важат за сите“, изјаивла Андрија Чупковиќ, директор на Паркинг сервисот.

 

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега