ПРЕСВРТ: Колинда сепак нема да биде претседател на Хрватска?

Колинда Грабар Китаровиќ е избрана минатата недела за претседател на Хрватска според засега сеуште дискутабилните резултати до ДИП кои покажуваат победа од 50,74% односно 1,114.856 гласови од бирачите за Колинда. Со така поставени резултати логично се заклучува дека е избран претседател со мнозинство на гласовите бирачи.

Но два дена по одржаните избори на друштвените мрежи и порталите на интернет покрената е оштра расправа за уставноста и законитоста на изборите.

Легалноста во среда ја доведе во прашање Сандра Петровиќ од СДП, која во изборниот штаб на Иво Јосиповиќ била задолжена за правните прашања.

Таа изјавила дека смета дека победата на Колинда е под знак прашалник и дека за сето ова мора да се изјасни Уставниот суд затоа што Законот за избор на претседател не е во склоп со Уставот и дека по Устав Колинда не е избрана за претседател затоа што не ги добила мнозинството гласови на сите бирачи кои ја гласале.

„Претседателот се бира со мнозинство од сите гласачи кои гласале. Ако ниту еден од кандидатите не добие такво мнозинство, изборите се потворуваат за 14 дена“, пишува во 95 член од хрватскиот Устав.

 

„Нема да ја поздравиме Колинда затоа што таа е неуставно избрана, за претседател. Уставот прецизно наведува дека претседателот мора да биде избран со мнозинство на гласовите на бирачите кои гласале, а таа доби помалку од половината гласови. Хрватска се наоѓа во уставна криза, и тоа наскоро на сите ќе им биде јасно“, вели изворот од владејачката СДП.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега