МВР казни осум полицајци - што направиле?

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се осум решенија против осум вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2 , 3  и 11 и член 207 став 1 и  точки 4, 8, 11 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на четири вработени им е изречена мерка “парична казна“ на еден вработен мерка  – „писмено предупредување”,  на двајца вработени мерка-“отказ“, и на еден вработен мерка- распоредување еден степен пониско а се работи за:

Џ.С. командир ПО Групчин изречена му е мерка “парична казна” (постапувал спротивно на правилата и прописите на министерството).

Г.С. самостоен инспектор Единица за ЈРМ изречена му е мерка „писмено предупредување” (со службено возило отишол дома, наместо да го врати во полициска станица).

Б.Н. виш инспектор за НТ со дрога и оружје НК за КР Радовиш изречена му е мерка “парична казна” (недолично се однесувал за време на обезбедување на фудбалски натпревар).

Н.Ш. виш инспектор за општ криминалитет НК за КР Стругаизречена му е мерка “парична казна” (не превзел мерки за пронаоѓање на одземеното возило, пронаоѓање и фаќање на сторителот и навремено не го известил ОЈО).

И.И. помлад инспектор за општ криминалитет СВР Куманово изречена му е мерка “отказ” (не постапувал по барања на ОЈО и вештачењата за предметите не ги доставувал во законски предвидениот рок).

А.Ф. полицаец во ЕСЗ изречена му е мерка “отказ” (при извршена анализа му било утврдено присуство на марихуана).

С.С. полицаец во ЕБР изречена му е мерка “распоредување еден степен пониско” (изврши дејствие што претставува прекршок против јавниот ред и мир).

 

Г.П. полицаец во ПС за БПС Демир Капија изречена му е мерка “парична казна” (заспал на работно место).

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега