Јанкулоска и Беџети ќе учат како да се однесуваат кон осудените лица

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за правда Блерим Беџети, денеска ќе учествуваат на промоцијата на Проектот „Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица“, што во наредните две години ќе се реализира во рамки Програма ИПА 2009, компонента 1 – транзициона помош и институционална надградба.

Проектот за чија реализација се предвидени 2,1 милион евра од кои 1,8 милиони евра од ЕУ, 100.000 евра од Советот на Европа и 200.000 евра од буџетот на РМ, треба да биде заврши до 30 ноември 2014 година.

Главните цели на проектот што ќе се изведува во организациските единици на министерствата за внатрешни работи и за правда се развој на професионалните капацитети на полицијата со гарантирање на целосно почитување на фундаменталните човекови права преку ефикасна и сигурна регулација, како и јакнење на организационите и управувачки капацитети на затворскиот систем со обезбедување на целосна заштита на човековите права во лечење на притворените и осудените лица.

најчитано сега