И повреден ја воодушевува публиката - Ферус со настап заборави на сообраќајката

Иако пред само три дена Ферус и неговото семејство доживеаа сообраќајна несреќа на патот Скопје-Штип, познатиот музичар вчера одлучи да се појави на сцена и да ги забавува жителите на општина Карбинци, објавува Курир.

По сообраќајката во која самиот Мустафов кажа дека два пати се превртел со својот автомобил и дека преживеале тој, неговата сопруга и ќерката, музичарот одлучи да го земе својот саксофон и да го развесели Карбинци на Спасовден.

- Добро сум, да ви кажам жив сум и здрав. Знаете што ми се случи, ама ете, Господ сакал да дојдам денес во Општина Карбинци и да свирам на Спасовден, на овој голем празник. Бог ме чувал и ете тука сум. Се надевам дека уште многу години ќе доаѓам да свирам тука, вели Мустафов во изјава која ја пренесува Курир. 

Иако со видни болки од повредите во сообраќајката, познатиот музичар ја воодушеви публиката со својот получасовен настап.

Освен Мустафов, на сцената во Карбинци настапија и други имиња од фолклорот во Македонија, како Татјана Лазаревска и КУД „Ристо Донев-Учителот“, пренесува Курир.

најчитано сега