Европа шокирана!!! - Грците сами ќе си отпечатат 100 милијарди евра!

Екс пратеничката на Независните Грци, која прво премина меѓу независните пратеници, за сега да настапува под знамето на Сириза, Рахил Макри ги шокираше европјаните!

„Грција во случај на потреба, и самата може да отпечати 100 милијарди евра“.

На почетоко откако ја даде изјавата на предизборен митинг во округот на Козана, се веруваше дека спаѓа во една од вообичаените предизборни лаги.

Но по бурната реакција во јавноста, место да се повлече, таа дополнително му даде стимул на кажаното.
„Во текстот „Што не е јасно?!“ таа инсистирала на прописи на Централната европска банка по кои секоја централна регионална банка може да штампа евра во случај на загрозена ликвидност.

Таа не навела дека процедурата е повеќе од комплицирана и дека минува исклучително преку институциите на ЕУ.

Изјавата уследи по паниката која владее кај грачките граѓани кои масовно ги повлекуваат своите заштеди од банките. Иако нема прецизни информации за тоа колку штедачи ги повлекле депозитите од банките, се шпекулира дека станува збор за стотици милиони во последниот месец, што сериозно ја загрозува ликвидноста на најголемите грчки банки.

Грците се плашат дека по изборите и во Грција би можел да се примени „кипарскиот рецепт“, кога се смрзнати депозитите на граѓаните во кипарските банки, но и нагло опаѓање на еврото во однос на доларот.

Две грчки системски банки, Алфа и Евробанка, побарале преку Централната банка во Грција пет милијарди евра од европскиот фонд ELA, за и понатаму да можат да ги задоволат потребите за економијата и граѓаните во „услови на политичка нестабилност“. Се очекува дека веќе не почетокот од следната недела истото ќе го направи и банката Пиреус, како и неколку помали банки.

Од друга страна, има наговестувања дека ова што се случува со банките би можело да биде дел од кампањата на владеачката коалиција за дополнително да посее страв кај гласачите, дека во случај на победа на опозиционерот Алексис Ципрас, „Грција неповратно би ја напуштила еврозоната“.

 

Па така, се уште актуелниот премиер Андонис Самарас порачува дека Грците на 25 јануари „нема да гласаат за партија, туку за земја во каква што сакаат да живеат“.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега