Красниќи се повлекува од политиката

 

Поранешниот претседател на косовскиот парламент и актуелен пратеник од редовите на Иницијативата за Косово Јакуп Красниќи се повлекува од политичкиот живот.

Во соопштението до јавноста, откако се заблагодарува на своите поддржувачи информира дека се откажува од пратеничкиот мандат и целосно се повлекува од политичкиот живот.

„Од срце им благодарам на сите оние кои ми веруваа. Во јануари 2015 година наполнив 64 години, од нив дури 42 години бев политички ангажиран, од времето на илегалното организирање на револуцонерната група на Косово, косовската војна па до денес, со исклучок на периодот од петти април 1981 до 23 јули 1991 година кој го минав во затворите во тогашна Југославија“, пишува меѓу другото Красниќи.

Тој понатаму нагласува дека смета дека доста е со политичката ангажираност и оти е време местото во парламентот да му го отстапи на друг. Се додека здравствената состојба ми дозволува, наведува Красниќи, на располагање сум своето политичко искуство да го ставам во служба на граѓаните и политичкиот субјект, Иницијативата за Косово.

Красниќи на чело на косовскиот парламент беше во минатиот состав како пратеник од Демократската партија на Косово, но поради несогласувањата со политиката на лидерот Хашим Тачи, ја напушти партијата и заедно со Фатмир Лимај ја формираа иницијативата за Косово

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега