Албанска џихадистичка ќелија во Италија регрутирала млади Албанци и од Македонија

Џихадистичка ќелија која регрутирала Албанци од Македонија, Косово и од Албанија открила италијанската полиција.

Според албанските медиуми, кои се повикуваат на италијанскиот печат,властите превземаат интензивни активности за да ги неутрализираат сите членви на таа ќелија. Се верува дека џихадистичката ќелија е најголема на Балканот и оти низ „албанските простори“ делува преку 150 свои членови,чија главна задача е убедување на млади лица да заминат за Сирија и Ирак и да војуваат на страната  ИД.

-Ќелијата ја функционирала во Рим ги врбувала и регрутирала Албанци од Албанија, Косово и од Македонија,кои престојувале во Италија или биле повикувани таму и ги испраќала на боиштата во Сирија и Ирак. Членовите на ќелијата се Албанци со живеалиште во Италија,кои ги ползувале врските со матичните земји. Групата „Салифи“ свои разграноци имала и во Милано,Сиена и Лука, пренесуваат италијанските медиуми.

Италијанските влсти подолго ги следеле осомничените лица, кои се сметаат  исклучително опасни поради нивните активности иако не се наведува длаи планирале или не евентуален терористички напад во Италија.

Базата на албанската џихадистичка ќелија  била  во населбата Ченточела во источниот дел на Рим.Според извори од италијанската агенција за антитероризам  најголема потешкотија претставувало локализирањето на џамиите и објектите кои биле собирно место за овие лица. Ова поради фактот што, за да не паднат во очи, тие се собирале во различни објкети во Рим,бидејќи џамиите и исламистичките културни центри биле на нишан на безбедносните агенции.

Се дознава дека „благодарение “ на работата на албанската џихадистичка ќелија во Сирија и Ирак  биле испратени најмалку 59 Албанци,кои од Италија заминувале во Албанија,Грција, Турција па во Сирија.

Италијанските медиуми посебно го нагласуваат фактот дека Албанија и Косово биле и сеуште се огниште на тероризмот.Последните информации говорат дека на боиштата во Сирија и Ирак,на страната на ИД, војуваат најмалку 600 Албанци од Балканот,најмногу од Косово,па од Албанија и Македонија.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега